„Денеска започнуваме со изградба на ново модерно автопатско решение од Прилеп до Битола во должина од 39,3 километри. Веќе не зборуваме за програмски ветувања, зборуваме за старт на најголемиот капитален проект во Пелагонскиот регион. Секој вложен денар на државата е влог за граѓаните за безбедни и модерни сообраќајници, за развој на локалните бизниси, за подобро регионално поврзување со соседите“, истака денеска министерот Благој Бочаврски на настанот по повод започнување на изградбата на автопатската делница Прилеп-Битола на Коридор 10д.
-Нема подобар момент да се собереме, сите пријатели на Северна Македонија, нашите партнери – земјите членки од ЕУ и заеднички да го означиме најголемиот инфраструктурен проект во новата историја на земјата кој се реализира овде во Пелагонискиот регион, потенцира Бочварски.
Тој нагласи за приоритетноста на оваа автопатска делница за Прилеп, за Крушево, за Битола, Могила, Новаци, Ресен и за сите останати од Пелагонија кои живеат или транзитираат од тука.
-Капиталните проекти ги реализираме одлучно и оправдано затоа што Пелагонискиот регион мора да се развива. Секој вложен денар на државата е влог за граѓаните за безбедни и модерни сообраќајници, за развој на локалните бизниси, за подобро регионално поврзување со соседите.
Денеска започнуваме со изградба на ново модерно автопатско решение од Прилеп до Битола во должина од 39,3 километри. Во оваа прилика сакам да честитам на целиот тим од државни институции што изминатиов период напорно работеа за да се обезбедат сите услови за почеток на оваа градба.
Од денеска изведувачот ги започнува подготвителните работи и геотехничките истраги на терен и во наредниот период ќе бидеме сведоци на огромно градилиште по целата траса на овој патен правец.
Северна Македонија мора да биде инфраструктурно средена држава, економски центар и вистинска крстосница на Балканот, се обрати министерот Бочварски.