Уставни измени под бугарски диктат нема да има, им рекол Мицкоски на американските амбасадори

од Nikola Popovski
306 прегледи

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со делегација од партијата во Собранието оствариле средба со Советот на американски амбасадори.

На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација на Македонија како и македонските евроинтеграции.

-Истакнал дека уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има, посочил Мицкоски.

Потенцирав дека местото на Македонија е во Европската Унија, но за Македонија треба да важат истите услови како и за останатите земји членки, односно патот на земјава во ЕУ треба да биде базиран на Копенхашките критериуми и без дополнителни услови.

-Се заблагодарив на поддршката која ја добива Македонија од страна САД и посочив дека соработката и во иднина треба да продолжи, рекол Мицкоски до американските амбасадори.