Руското Министерство за одбрана ги негира информациите на воените известувачи и блогери, како и на шефот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, дека одбранбените линии во близина на градот Бахмут и во неговата поширока област, се пробиени од страна на украинските сили.
Во последниот извештај на американскиот Институт за проучување на војната (ISW), се наведува дека украинските сили веројатно пробиле некои руски линии во одредени контранапади кај Бахмут.
Командантот на источната група на воени сили на Украина, генерал-полковник Олександар Сирски, неодамна изјави дека руските сили се повлекле до два километри од одредени територии на военото поле.
Пригожин ја потврди информацијата за руското повлекување и украинското напредување, велејќи дека украинските сили започнале контраофанзива, освојувајќи три километри терен во и околу Бахмут.
Аналитичарите на американскиот Институт за проучување на војната, ISW оценуваат дека реакциите на Пригожин и Министерството за одбрана одразуваат зголемена паника во рускиот информативен простор и дека укажуваат на зголемена загриженост на врвот на приватната армија „Вагнер“ и Министерството за одбрана во контекст на долгонајавуваната украинска контраофанзива.
Соопштението на руското Министерството за одбрана го толкуваат како обид на Кремљ да ги минимизира одредените воени успеси на Украина на терен.
Наводно поради малата испоракана муниција за неговите сили Пригожин со месеци е во конфликт со привот човек на Министерството за одбрана, Сергеј Шојгу и началникот на рускиот воен штаб и командант на руските сили во Украина Валериј Герасимов.