Пригожин за руското повлекување: Тоа не е прегрупирање, туку бегство

од Марта Пешевска
300 прегледи

Основачот и финансиер на групата „Вагнер“ , Евгениј Пригожин, реагираше на соопштението на руското Министерство за одбрана во кое тие наведуваат дека нивните сили се повлекле од област во близина на Бахмут на „поповолна позиција“.

Според Пригожин „тоа се вика бегство, а не прегрупирање“.

Изјавата на руското Министерството за одбрана дојде ден по демантот во кое ги отфрли информациите дека украинските сили ја пробиле линијата на фронтот околу Бахмут во правец на селото Малоиљиновка.