Утрово е најстудено на Попова Шапка, два степена, а максимални 13 степени се измерени во Гевгелија. Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа, наврнал во Скопје Петровец и Крива Паланка, четири литри на метар квадратен, а најмалку, еден литар на единица површина, во Прилеп, Струмица и Крушево.
Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени 5 степени во Крушево, 7 во Охрид, Битола и Дебар, 8 во Претор и Крива Паланка, 9 во Берово, Прилеп и Тетово, 10 во Виница, како и 12 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Штип, Струмица, Демир Капија и Дојран.
Наврнатиот воден талог до 8 часот утрово изнесува три литри на метар квадратен во Охрид, Берово и Дојран, како и 2 во Скопје Зајчев Рид, Тетово, Битола, Штип, Демир Капија, Виница и Гевгелија.