Во присуство на највисокото централно партиско раководство на СДСМ во Куманово синоќа на Изборна Конференција на ОО СДСМ Куманово беше избрано ново раководство.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски му честиташе на претседателот Александар Арсиќ, како и на новиот состав на Извршниот и Надзорниот Одбор на Општинската Организација.
„На мои кумановци им посакувам многу успеси, јас сум тука за секој еден кој ја негува социјалдемократската идеологија. Заедно продолжуваме – мое Куманово било и ќе биде бастион на прогресот, на македонската социјалдемократија!“, истакна Спасовски.