Пристрасно гласање? Покрената петиција за укинување на жирито на Евровизија

од Stefanija Kuzmanovska
503 прегледи

Откако претставничката на Шведска, Лорин победи на Евровизија со песната Tattoo, се појавија бројни коментари со обвинувања дека стручното жири всушност и дозволило да победи.

Имено, таа од жирито доби вкупно 340 поени, а поените кои жирито и ги даде на Лорин беа мотив за започнување на петицијата.

Членовите на стручното жири од дури 15 земји и доделија на Шведска најголем број поени и со тоа ја одведоа до победа.

По Лорин, најмногу поени од жирито доби Израелката Ноа Кирел со песната Unicorn, вкупно 177.

Финецот Каарија чија победа на Евровизија ја посакуваа многумина, од жирито доби само 150 поени. Публиката му даде дури 376 поени, додека Лорин доби многу помалку, 243 поени од гласачите.

По прогласувањето на победникот, многумина ја критикуваа наклоноста на жирито кон Лорин, а беше покрената и петиција за укинување на стручното евровизиско жири. Досега се потпишале над 5.200 луѓе.

Во образложението за покренувањето на петицијата за смена на жирито, се наведува дека долги години се разговарало за гласовите на жирито. Тие, исто така, истакнаа дека петицијата е покрената поради гласовите што жирито и ги додели на Шведска на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, кои не се во согласност со поширокото јавно мислење, пишуваат тие.

„Многу години постоеше загриженост за гласовите на жирито кои повремено значително се разликуваа од гласовите на јавноста. Дополнително, загрижувачко е и пристрасното гласање кон одредени земји“, се наведува во воведот.

„Со цел да се задржи интегритетот на Евровизија и да се обезбеди нејзината иднина, предлагаме преглед на процесот на гласање. Сметаме дека е во најдобар интерес на натпреварот и неговите учесници да ги отстранат сите жирија од процесот на гласање. Овој пристап ја зајакнува јавноста, дозволувајќи им на нивниот колективен глас да биде единствената детерминанта на исходот на натпреварот“, додаваат тие, пренесува Index.

Инаку, стручното жири не гласаше во полуфиналните вечери, туку само во финалето.

Слични содржини