Повреди во пределот на вратот: Позната состојбата на нападнатото девојче во училиштето во Зрењанин

од Stefanija Kuzmanovska
367 прегледи

Нов напад се случил денеска во Основното училиште „Втори октомври“ во Зрењанин, Србија, кога девојче (14) избодело друга ученичка од тоа училиште.

Како што потврдија од ПУ Зрењанин за порталот „Го сакам Зрењанин“, девојче (2009) од ОУ „Втори октомври“ со остар предмет повредила ученичка (2010) од истото училиште.

Повреденото девојче е пренесено во Ургентниот центар на Зрењанин.

Според информациите од таа здравствена установа, станува збор за лесни телесни повреди здобиени во пределот на вратот.

По укажаната помош, повреденото девојче разговарало со психијатар, по што била пуштена дома во придружба на нејзините родители.

Слични содржини