257
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен денеска изјави дека мировниот план на Киев треба да послужи како почетна точка за сите мировни напори за ставање крај на војната во Украина.
„Ништо за Украина без Украина“, рече Фон дер Лејен, која го посети Киев минатата недела.
Претседателката на ЕК истакна дека никогаш не треба да заборавиме дека Украина е земја која беше брутално нападната и дека овој факт треба да ги постави основните принципи на праведен мир.