271
Утре ќе се одржи подготвително рочиште за судскиот спор, кој го иницирала против Драган Ковачки – најави .Министерката за одбрана Славјанка Петровска.
-Утре со почеток во 10:40 часот во Основен суд 1 ќе се одржи подготвителното рочиште за судскиот спор кој го иницирав против искажаните невистини на Драган Ковачки кон мене, објави Петровска на Фејсбук.
Таа вели дека сите лаги кои ги изнел Ковачки против неа ќе бидат разобличени.
-Како што ветив ќе побарам судењето да биде транспарентно и јавно, а сите лаги кои Ковачки ги измисли против мене во изминатиот период, ќе бидат разобличени, напиша Петровска во објавата на Фејсбук.