Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека француската влада ќе одвои две милијарди евра за намалување на даноците за средната класа.
„Побарав од владата да излезе со предлози, за две милијарди евра, кои ќе се фокусираат на средната класа“, рече Макрон во интервју за TF1.
Тој посочи дека две милијарди евра ќе бидат дел од буџетскиот план до 2027 година, како да нема да се однесуваат на намалување на давачки или придонеси.