Хорор во Ново Мексико: Тинејџер отворил оган од три оружја, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Осумнаесетгодишно момче по случаен избор пукало во минувачи во градот Фармингтон, 290 километри северозападно од Албакерки во државата Ново Мексико, при што убило три и ранило шест лица, меѓу кои и двајца полицајци.

Полицијата го ликвидирала напаѓачот.

Полицијата соопшти дека тој отворил оган од најмалку три оружја, од кои едното пушка АР-15.

Пукањето почнало во населбата Бруксајд Парк, во станбена зграда до трговскиот центар. Според официјални лица, три училишта во близина биле веднаш затворени. Фармингтон е град со речиси 50.000 жители во северозападниот дел на Ново Мексико, јавуваат американските медиуми.

По повикот, полицијата на местото на престрелката констатирала „хаотична сцена во која млад човек активно пука во случајни минувачи“, изјави висок претставник на локалната полиција и потврди дека полицијата го ликвидирала напаѓачот при интервенцијата.

Сите ранети во оваа престрелка се во стабилна состојба.

Слични содржини