Лога ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети

од Nikola Popovski
201 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога во рамките на дводневната работна посета на Хаг ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети од 2 јули 2019 година. Конвенцијата беше потпишана во присуство на Генералниот секретар на Хашката Конференција за меѓународно приватно право, Кристоф Бернанскони и Амбасадорката на Република Северна Македонија, Бети Јачева и другите присутни.

Потпишувањето на Конвенцијата претставува доказ за заложбите на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на активностите кои придонесуваат за подобрување на деловната средина и работењето на компаниите како и стратешките определби на Министерството за правда за унапредување на концептот во областа на прекуграничната соработка во граѓанската и трговската материја, како и повисок степен на усогласеност на националното со европското законодавството како земја-кандидат за членство во Европската Унија.

Следниот чекор во однос на Конвенцијата е спроведување на постапката за ратификација согласно Законот за склучување на ратификација и извршување на меѓународни договори.

Република Северна Македонија е член на Хашката Конференција од 1993 и досега е дел на 10 хашки конвенции. Три конвенции и Протоколот кои се потпишани во 2019 година се во постапка на ратификација. Станува збор за Конвенцијата за надлежност, меродавно право, признавање, извршување и соработка во поглед на родителската одговорност и за мерките за заштита на децата ( од 19.10.1966 година), Конвенцијата за спогодбите за избор на суд (од 30.06.2005 година) и Конвенцијата за меѓународно оставрување на правата за издршка на детето и други облици на издржување на семејството (од 23. 11. 2007) заедно со Протоколот за меродавното право кое ќе се применува на обврските за издршка (од 23.11.2007). Церемонијата на потпишување се одржа во рамките на регионалниот семинар за Хашката Конвенција за признавање и извршување на странски пресуди од 2019 година со претставници од министерствата за правда и министерствата за надворешни работи од Западен Балкан организиран од проектот за зајакнување на извршувањето на Балканот имплементиран од Центарот за меѓународна правна соработка (CILC).

Слични содржини