Кејт Мидлтон покажа како изгледа совршениот баланс помеѓу лежарен и деловен стајлинг

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Принцезата Кејт Мидлтон откако ја доби новата титула има многу официјални ангажмани, а секој од нив бара одредено модно издание во кое не смее да се најде грешка.

Овој пат таа ја посети „Dame Kelly Holmes Trust“, организација која се занимава со млади спортисти кои немаат самодоверба или имаат други проблеми.

Познато е дека Кејт секогаш кога оди во официјална посета, соодветно го избира својот стајлинг, а денес се одлучи за опуштена, но деловна комбинација.

Имено, таа носеше бели панталони и маичка во иста боја, над која носеше сако кое беше ѕвезда на стајлингот.

Жолтото сако ѝ даде на оваа комбинација сосема нова димензија.

Иако најчесто ја гледаме во штикли, Кејт денеска се одлучи за бели патики на брендот „alexander mcqueen“.

Слични содржини