226
Во сообраќајна несреќа во австралискиот град Мелбурн повредени се 45 ученици од основно училиште, од кои 18 се хоспитализирани, јавува Би-Би-Си.
Во автобусот, во кој во вторникот удрил камион, а потоа се превртел, имало 45 ученици, а 18 од нив на возраст од 5 до 11 години биле пренесени во болница, од кои повеќето биле итно оперирани, а еден е задржан во болница на интензивна нега.
Во болница е пренесен и 52-годишниот возач на автобус со повреди кои не се опасни по живот.
Останатите добиле лекарска помош на лице место и биле пренесени дома.
Полицијата соопшти дека 49-годишниот камионџија, кој е одговорен за несреќата во која бил полесно повреден, е уапсен на местото на настанот и е осомничен за опасно возење со тешки последици.