Меган Маркл ги повика жените да бидат визионерки на сопствениот живот

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Меган Маркл ги повика жените да бидат „визионерки на сопствениот живот“ откако ја доби наградата „Woman of Vision“ за 2023 година во Њујорк за нејзиното глобално залагање за жените и девојките.

Војвотката од Сасекс се појави синоќа во Ms. Foundation’s на Менхетен, придружувана од принцот Хари и нејзината мајка Дорија Рагланд, пренесува „Тајмс“.

Ова беше нејзино прво појавување во јавноста откако го пропушти крунисувањето на кралот Чарлс, таткото на Хари, а во салата Зигфелд се појави во златен корсет фустан од модната дизајнерка Џоана Ортиз, кој чинеше 1.850 долари.

Слични содржини