Путин: Цената на гасот благо падна, Русија го намали производството на енергија

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека ситуацијата на светскиот пазар на нафта е апсолутно стабилна и дека намалувањето на производството на енергија во Русија е неопходно за да се одржат цените на светскиот пазар.

„Сите наши дејствија, вклучително и доброволното намалување на производството, се поврзани со потребата да се одржи одреден ценовен амбиент на светските пазари во дијалог и интеракција со сојузниците на ОПЕК“, рече Путин, пренесува ТАСС.

Тој на владината седница која се емитуваше на телевизија посочи и дека Русија го намалила производството на нафта на „потребното ниво“ и дека цената на гасот „малку паднала“.

Слични содржини