Wizz Air, најголемата авиокомпанија во Северна Македонија и еколошки најодржлива авиокомпанија на глобално ниво*, денеска најавува дополнително проширување од Северна Македонија, доделувајќи уште еден авион на Меѓународниот аеродром Скопје со кој управува ТАВ Македонија, компанија која управува и со аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид. Закажани за претстојната есен и зима, Wizz Air ќе лансира две нови линии од Скопје, а истовремено ќе ги зголеми фреквенциите на девет постоечки линии. Билетите се веќе достапни на wizzair.com или на мобилната апликација на Wizz Air
Доделувањето на уште еден авион во Скопје ќе ја зголеми базата на Wizz Air на 6 авиони од декември 2023 година. Дополнителниот капацитет му овозможува на Wizz Air да започне со операции од Скопје до Луксембург (Луксембург) и Љубљана (Словенија). Понатаму, Wizz Air ќе ја зголеми фреквенцијата на своите летови од Скопје до Дортмунд, Бремен, Меминген, Берлин, Карлсруе/Баден-Баден (Германија), Рим Фиумичино (Италија), Брисел Шарлроа (Белгија), Братислава (Словачка) и Ајндховен (Холандија). Летовите за Берлин, Ајндховен и Брисел ќе бидат секојдневно.
„Среќни сме што ги проширивме нашите операции во Скопје и воведуваме нови рути до Луксембург и Љубљана. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. Со зголемување на нашите фреквенции на девет рути и понудените нови дестинации, имаме за цел да им обезбедиме на нашите патници неспоредливо поврзување и искуство од патувањето. Би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од Меѓународниот аеродром Скопје за нивното одлично партнерство, како и на Министерството за транспорт и врски за поддршката во работата со нас за изградба на подобра поврзаност за Северна Македонија“,- изјави Роланд Тишнер, Извршен и оперативен директор во Wizz Air Унгарија.
“Во ТАВ Македонија сме среќни со оваа добра вест дека Wizz Air донесе одлука да го смести шестиот авион во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје. Овој чекор ќе резултира со севкупен раст на скопскиот аеродром што ќе го направи нашиот аеродром уште поатрактивен избор за деловни и рекреативни патници. Сместувањето на шестиот авион во базата е пресвртница што ја означува довербата на нашите партнери кои ни ја даваат како аеродромски оператор. Тоа ќе биде ново поглавје во нашето патување кон извонредност и ќе послужи како катализатор за понатамошен раст и развој. Со нетрпение очекуваме да ја прифатиме оваа можност и да обезбедиме исклучително искуство и за авиокомпанијата и за нашите ценети патници. Би сакал да се заблагодарам и на Виз ер за нивната одлука и на Министерството за транспорт и врски за континуираната поддршка“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.
Со оваа најнова експанзија, Wizz Air ја зацврстува својата позиција како лидер на пазарот, нудејќи широка мрежа на линии и беспрекорни конекции од Скопје: вкупниот број на линии на авиокомпанијата од Северна Македонија сега изнесува 35, вклучувајќи ги и двете новонајавени. Одлуката на авиокомпанијата да додели дополнителен авион во Скопје ја поткрепува нејзината посветеност за поддршка на локалната економија, туризмот и бизнис секторот. Служејќи како значајна инвестиција на пазарот, оваа распределба ќе отвори десетици нови директни и индиректни работни места во земјата, вклучително и позиции за пилоти и кабински екипаж, покрај над 250 лица кои веќе се директно вработени во Wizz Air во Северна Македонија.
НОВИТЕ РУТИ НА WIZZ AIR ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Рути | Фреквенција | Цени од ** | Почеток |
Скопје – Луксембург | Понеделник, Среда, Петок | MKD 1869 / 29.99 EUR | 18 Декември 2023 |
Скопје – Љубљана | Вторник, Четврток, Сабота*** | MKD 1559 / 24.99 EUR | 27 Септември 2023 |
ЗГОЛЕМЕНИТЕ ФРЕНКВЕНЦИИ НА WIZZ AIR ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Рута | Промена |
Скопје – Дортмунд | од 7 на 10 летови неделно |
Скопје – Меминген | од 7 на 9 летови неделно |
Скопје – Ајндховен | од 4 на 7 летови неделно |
Скопје – Берлин | од 4 на 7 летови неделно |
Скопје – Брисел Шарлоа | од 4 на 7 летови неделно |
Скопје – Рим Фиумичино | од 3 на 5 летови неделно |
Скопје – Карлсруе/Баден-Баден | од 3 на 4 летови неделно |
Скопје – Братислава | од 3 на 4 летови неделно |
Скопје – Бремен | од 2 на 3 летови неделно |
* Според CAPA – Centre for Aviation Awards for Excellence 2022
** Цена во еден правец, вклучувајќи административна такса. Вклучена е една торба за носење (максимум: 40x30x20cm). Торба со тркалца и секое парче чекиран багаж се предмет на дополнителни такси. Цената важи само за резервации направени на wizzair.com и мобилната апликација WIZZ.
*** Со 2 лета неделно во среда и недела до крајот на летната сезона 2023 година