Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Словенија на маргините на централниот настан на ЦДИ оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската ФИДЕШ.
На средбата се разговарало за регионот и прашања поврзани во интеграциите на Македонија во ЕУ.
Се потенцирала потребата од економска соработка и борбата против корупцијата и криминалот како регионален предизвик.
Мицкоски покрај со хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ Пленковиќ и со премиерот на Унгарија Орбан договори заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕШ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за претстојните избори.
Мицкоски исто така се заблагодари на поддршката на Унгарија која ја добива во насока на остварување на стратешките интереси на Македонија.
Во текот на денот Мицкоски остварил и средба со меѓународниот секретар на ЕПП Патрик Волер.
На средбата се разговарало за зголемена соработка со Европската Народна Партија чија членка е ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на стратешките и национални интереси на Македонија. Била изразена поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од страна на ЕПП и разговарано било за идни планови за соработка.