Неодамна излезе новиот документарец за Бритни Спирс, а набргу по неговата премиера следеа првите реакции – фановите се шокирани.
Филмот за поп ѕвездата „Britney Spears: The Price of Freedom“ претстави бројни бизарни детали од животот на популарната пејачка.
Бритни Спирс не се огласи по објавувањето на филмот, но овој документарец го коментираше нејзиниот сопруг Сем Асгари, кој на Инстаграм го критикуваше остварувањето на TMZ, поради, како што наведе, „одвратното прикажување“.
„Не верувајте во се што ќе видите на Интернет“, порача Сем и истакна дека неговата сопруга е „под микроскоп“ и „мамец за кликови“.
Некои детали од овој филм особено го привлекоа вниманието на публиката.
Имено, како што е прикажано, Бритни поголемиот дел од времето го поминува во изолација и сама, а извршниот продуцент на TMZ, Чарлс Латибаудир додал дека поп-ѕвездата живее „во виртуелна изолација“ и само повремено оди на тивка прошетка за да медитира. Исто така, прикажано е како поминува многу време на својот базен и се сонча. Покрај тоа, според еден од уредниците, Бритни често вежба во теретана и постојано изведува „диви танци“.
Понатаму, филмот покажува дека пејачката пие обилни количини кафе, енергетски пијалоци и чај од глуварче, што придонесува за нејзините манични епизоди. Пејачката ги негираше тие тврдења уште пред да се емитува филмот.
„Мојот ум е окупиран и понекогаш тоа ме прави лесна цел. Не го чувствувам ни мирисот на кафето, пијам сок од лубеница“, напиша таа еднаш на Инстаграм.
Исто така, кога станува збор за проблемот со спиењето и неспиењето, главниот уредник Фабијан Гарсија наведе дека еден од изворите открил дека Бритни Спирс многу спие, а понекогаш и „спие со денови“.
„Понекогаш спие со денови. Три дена само спие, а потоа во следните неколку дена воопшто не спие“, вели изворот кој додал дека пејачката сака книги и многу чита, особено фикција, кога е будна.
Нема сомнеж дека документарецот предизвика многу реакции, а публиката ја чека онаа најважната – на Бритни Спирс.