📽 Објавен новиот документарец на Џенифер Лопез: Афлек никогаш поискрен за алкохолизмот

од Stefanija Kuzmanovska

Долгоочекуваниот документарен филм на Џенифер Лопез, The Greatest Love Story Never Told, кој го следи развојот на нејзината врска со Бен Афлек, е исполнет со искреност за нивната врска.

Се чини дека отвореноста и ранливоста пред камерите го поттикнале актерот да зборува за својот проблем со алкохолот.

„Тешко е да се гледа некој чиј професионален живот е исклучително успешен и кој, знаете, на Инстаграм изгледа како да го живее најсреќниот живот на светот. Она што го откривате, како што се повеќе и повеќе пиете алкохол, е дека нема доволно алкохол во сите продавници за алкохол во светот за да ја пополнат таа празнина“, навел Афлек, пренесува The Mirror.

Актерот и претходно зборуваше за својата борба со алкохолизмот, а во едно интервју опиша како тоа го натерало да се чувствува мизерно.

„Почнав да пијам премногу. Ќе се вратев во хотелот и ќе беше или тоа или ќе скокнев од прозорецот“, изјави тој своевремено.

Афлек неколку пати се лекуваше на рехабилитација, а сега, како што пренесуваат медиумите, се чувствува добро.

Тој додаде дека Џеј Ло се чувствува исто.

„Џен се чувствуваше емотивно запоставена како дете. Во нејзиниот случај, мислам дека немаше доволно придружници, филмови или песни за да го смират тој дел од неа“, објасни тој.

Овој документарец од денеска е достапен во Америка, а од утре во Европа на Prime.

Слични содржини