Приведен Холанѓанец кој илегално влегол во државава

од Vladimir Zorba
202 прегледи

На 18.05.2023 околу 14.00 часот од хотел во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле А.Х.Д.М.(35) од Холандија, затоа што претходно остварил илегален влез во државата.

Тој бил предаден на полициски службеници за прекуграничен криминал и имиграции при Регионалниот центар за гранични работи Запад.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини