Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави денеска дека повеќе од 117.400 луѓе се приклучиле на руската армија оваа година.
Од јануари оваа година, повеќе од 117.400 лица се примени во вооружените сили врз основа на договори и како дел од доброволни формации, рече Медведев на состанокот за прием на воена служба според договорот, пренесе РИА Новости.
„Продолжуваме да работиме со вас на комплетирање на вооружените сили на Русија со војници по договор во рамките на инструкциите на претседателот (на Русија Владимир Путин)“, рече тој.