Одржан првиот регионален состанок на Источна Европа и Централна Азија на парламентарната мрежа UNITE

од desk4
206 прегледи

Денеска џа прв пат на регионалниот состанок на Источна Европа и Централна Азија на парламентарната мрежа UNITE за глобално здравје, учествуваше заменик претседателот на Комисијата за здравство на Собранието на Република Северна Македонија, Бедри Фазлиу.
Регионалниот состанок се одржа од 15 до 17 мај 2023 година во Тбилиси, Грузија, известуваат од Собранието.

На состанокот најмногу внимание беше посветено во делот на човековите права и еднаков пристап до здравствени услуги, зајакнување на здравствените системи и глобална здравствена архитектура и безбедност. Беа разменети и мислења во врска со промоцијата и споделувањето на искуства на парламентите во регионот и градење на силна соработка во делот на зајакнување на здравствените системи и стабилно и одржливо финансирање на здравствените системи.

Крајот на состанокот беше одбележан со потпишување на договор од страна на учесниците за приоритетите во здравството, понатамошно зајакнување и проширување на глобалната парламентарна здравствена мрежа како и одредување на фокусот и целите што треба да се постигнат со цел зајакнување на здравствените системи како и нивно одржливо и стабилно финансирање.

На состанокот учествуваа и претставници од националните парламенти на Ерменија, Киргистан, Молдавија, Србија, Украина, Грузија, како и претставници од Светската здравствена организација и претставници од невладиниот сектор.

Слични содржини