180
Вчера во Прилеп во 13:30 часот, прилепчанецот со иницијали Б.А.(25) бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Битола.
-Б.А. е осомничен дека околу 00:30 часот на ул.„Круме Волнароски” во Прилеп физички го нападнал А.В.(18) од Прилеп и му одзел личен предмет. Предметот бил пронајден, а потоа и вратен на сопственикот.
Исто така, Б.А. бил баран и по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во денешното соопштение од МВР.