Украинската армија негира дека Вагнер го заземал Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Украинската армија денеска негираше дека руската приватна паравоена организација „Вагнер“ презела целосна контрола врз градот Бахмут и објави дека нејзините војници продолжуваат да се борат таму.

„Тоа не е точно. Нашите единици се борат во Бахмут“, изјави портпаролот на украинската армија Серхиј Череваџи за „Ројтерс“ откако лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин објави дека е постигната целосна контрола врз украинскиот град Бахмут.

Овие тврдења Пригожин ги изнесе во видео во кое се појавува во униформа пред борци кои држат руски знамиња и симболи на „Вагнер“.

Слични содржини