Бајден најави нов пакет воена помош за Киев

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска најави нов пакет воена помош за Киев и на средбата со претседателот на Украина Володимир Зеленски истакна дека САД прават се што можат за „да ја зајакнат одбраната на Украина во војната со Русија“.

Бајден на средбата со украинскиот лидер на маргините на самитот на светските лидери од Групата седум, изјави дека пакетот за воена помош вклучува муниција, артилерија и оклопни возила.

Зеленски им рече на лидерите на Г7 дека „планот на Киев да стави крај на руската војна во Украина е очигледен израз на рационалност“ и им се заблагодари за поддршката на украинската формула за мир.

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека неговата земја летово ќе започне со обука на украински пилоти како дел од поддршката на украинските воздухопловни сили во војната со Русија. Сунак рече дека никој не сака мир повеќе од Зеленски, но дека условите за мир треба да се засноваат на украинските принципи.

Канадскиот претседател Џастин Трудо на самитот во Хирошима рече дека неговата земја ќе продолжи да ја обучува украинската војска и тоа го прави од 2015 година. Трудо рече дека Канада ќе ја поддржува Украина онолку колку што е потребно.

Германскиот канцелар Олаф Шолц пред заминувањето од самитот изјави дека потенцијалните програми на западните сојузници за обука на украински пилоти на борбени авиони Ф-16 се порака до Русија дека не очекува да успее да ја нападне Украина дури и во продолжен конфликт.

Слични содржини