По кусо боледување синоќа починал легендарниот македонски кларинетист и саксофонист, Ферус Мустафов. Ферус имаше мозочен удар на 26 април и од тогаш беше во болницата „8 Септември“.
На социјалните мрежи, пријателите и членови на семејството веќе почнаа да се простуваат од легендата на ромската песна.
Мустафов е роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско семејство на музичари. Тој имаше богата кариера со голем број настапи низ целиот свет и остави големо музичко наследство. Неговата професионална кариера започна на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.
Настапуваше во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.
Погребот ќе биде на гробиштата во неговиот роден град.