Полиција испитува дали некој влегувал во канцелариите на членовите на Судскиот совет

од Nikola Popovski
317 прегледи

Полициски службеници влегле во Судскиот совет и вршеле проверки на безбедносните камери откако еден од членовите на Судскиот совет имал сомнежи дека некој влегува во неговата канцеларија додека не е на работното место.

-На работен колегиум дискутиравме со тоа дека имало индивидуални видувања на некој од колегите за сомнежи со влегување во канцеларија. По дискусија на колегиум донесовме заедничка одлука на Советот таквите сомнежи да ги испитаме. Не гледам проблем во ситуацијата, не се криеме од состојбата. Редно е тоа да се испита, изјави денеска претседателот на Советот, Сашко Георгиев.

Според неговите зборови, доволен е и еден член на Судскиот совет да се сомнева за да се испита.

-Мислам дека е целисходно да го испитаме тоа. Почнато е да се работи во тој дел, кажа Георгиев во изјава за новинарите.

Во делот на постапката за избор на нов заменик рече дека ќе се врши согласно новиот Закон за Судски совет.

-Согласно новиот Закон за Судски совет 2019 година, процедурата за избор на заменик е идентична со процедурата за избор на претседател. Значи не е како по стариот закон, каде што претседателот предлага негов предлог да биде избран за заменик, туку, постапката е се предлага некој, или сам аплицира каде што оди на гласање меѓу членовите, посочи Георгиев.

Слични содржини