Ципрас утре од страна на Сакеларопулу ќе го добие вториот мандат

од desk4
229 прегледи

Кирјакос Мицотакис, претседател на Нова Демократија ќе го предаде мандатот за формирање Влада на Катерина Сакеларопулу. Грчкара претседателка утре ќе го предаде мандатот на лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас.

Утре претпладне грчкара претседателка ќе се сретне со Алексис Ципрас и ќе му го додели неговиот втор мандат.

Откако Мицотакис го прими мандатот од страна на Сакеларопулу изјави дека не постиот услов за формирање на нова Влада од моменталниот парламент. Тој додаде дека не земјата и е потребна „силна и стабилна влада со четиригодишна перспектива“. Паралелно, лидерот на Нова Демократија оствари и телефонски разговори со претседателите на партиите кои обезбедија влез во Парламентот и ги информирал за намерата на Владата да се забрзаат процедурите за новите избори да бидат на 25 јуни.

Поради пропорционалниот изборен модел што не предвидува бонус пратеници за првата партија, Нова Демократија и покрај победата на вчерашните изборе, не може да формира еднипартиска Влада, па затоа ќе има втори избори.

Слични содржини