Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал во Албанија денеска ја донесе мерката за притвор за Фреди Белери, новоизбраниот градоначалник на Химара, и неговиот соработник Пандели Какавеши. Тие се уапсени предизборно под сомнение за купување гласови пред локалните избори.
Фреди Белери ќе биде притворен во затворот со висока безбедност “313” во Тирана. Адвокатите најавија жалба до Апелациониот суд.
Обвинението вели дека Белери е фатен при купување на осум гласа за 40 илјади лека (400 евра). Грчката страна реагираше на неговото апсење и бараше негово ослободување. Претседателот Еди Рама коментираше дека албанската правда не може да се оспорува и дека мора да постапува исто за сите.
Според медиумите, група граѓани протестираа пред албанската амбасада во Атина откако беше соопштена одлуката.