Реал Мадрид поднесе жалба до шпанските обвинители за злосторство од омраза, откако Винисиус Јуниор беше цел на расистичка злоупотреба за време на гостувањето против Валенсија.
Натпреварот на Реал Мадрид против Валенсија беше прекинат во неделата вечерта бидејќи 22-годишниот Бразилец ги посочи симпатизерите кои го исмеваа пред судијата.
Винисиус, кој оваа сезона неколку пати беше расно малтретиран од трибините, беше бесен, што ги натера соиграчите да се обидат да го смират на теренот на Местаља во Валенсија.
Бразилецот подоцна беше исклучен поради насилно однесување во дополнителното време по поразот од 1-0 поради кавга со напаѓачот на Валенсија, Уго Дуро. Винисиус го доби првиот црвен картон во неговата кариера.
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе преку порака испрати подршка на Винисиус.
Тој во објава на Инстаграм напиша: „Не сте сами. Ние сме со вас и ве поддржуваме“.
24-годишната ѕвезда на Париз Сен Жермен беше цел на расистичка злоупотреба откако Франција минатата година загуби од Аргентина во финалето на Светското првенство.