210
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди француската прекуморска територија Нова Каледонија.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди француската прекуморска територија Нова Каледонија, југоисточно од островот Лојалти во Тихиот Океан, соопшти денеска Германскиот центар за геологија (ГФЗ).
Во соопштението на ГФЗ се наведува дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесе „Ројтерс“.