Гостиварка фатена како краде од трговски објект

од Nikola Popovski
186 прегледи

На 22.05.2023 околу 20.30 часот на улица „Железничка“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 46-годишната С.Ѓ. од Гостивар.

Таа се сомничи дека извршила кражба во трговски објект во Гостивар, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против С.Ѓ. ќе следува соодветен поднесок.