Ахмети на македонски јазик го честиташе празникот Св. Кирил и Методиј

од Nikola Popovski
320 прегледи

Во видеообраќање на македонски јазик, лидерот на ДУИ, Али Ахмети го честиташе празникот Свети Кирил и Методиј. Порача дека во духот на мултикултурализмот имаме заедничка обврска да го негуваме македонскиот јазик.

-Да се потсетиме на овој важен ден, дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонски јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет, рече Ахмети.

Претседателот на ДУИ меѓу другото истакна и дека во делото на словенските просветители Кирил и Методиј е израснат и современиот македонски јазик кој „претставува израз на посебноста на македонскиот народ и нашите сограѓани Македонци“.

Слични содржини