Белата куќа истражува дали Украина користела американски воени возила на руска територија

од Nikola Popovski
448 прегледи

Официјален Вашингтон ги проверува извештаите во кои се тврди дека Украина користела американски воени возила на руска територија, изјави денеска на брифинг со новинарите портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

Според него, јасно му било кажано на Киев дека САД не поддржуваат употреба на американска (воена) опрема за такви цели, пренесува Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека се уништени украинските националистички диверзантски формации кои извршија инвазија на територијата на регионот Белгород, во пограничната зона со Украина, и дека во таа прилика се убиени „повеќе од 70 терористи“.

Осум цивили се повредени во нападот на украинската диверзантска група, но нема жртви, објави претходно РИА Новости.

Слични содржини