Иран претстави моќна балистичка ракета: Носи боева глава тешка 1.500 килограми

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Иран ја претстави четвртата генерација на балистичката ракета „Калибар“, со дострел од 2.000 километри, со боева глава тешка 1.500 килограми, јави денеска иранската новинска агенција ИРНА.

Иран ја прошири својата ракетна програма, особено балистичките ракети, и покрај противењето на САД и загриженоста од европските земји, објави „Ројтерс“.

Техеран нагласува дека оваа програма е „исклучиво одбранбена“ и служи за одвраќање.

„Најновата балистичка програма на Иран и најновиот производ на иранската организација за воздушна индустрија беше претставена денеска на церемонија на која присуствуваше и министерот за одбрана“, додаде ИРНА.

Слични содржини