Пригожин: Вагнер почна да се повлекува од Бахмут, ги предава позициите на руската армија

од Stefanija Kuzmanovska
277 прегледи

Основачот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин денеска објави дека групата почнала да ги повлекува силите од заземениот украински град Бахмут и ги предава своите позиции на редовните руски војници.

„Ги повлекуваме единиците од Бахмут. Од пет часот наутро денеска, 25 мај до први јуни, повеќето единици ќе бидат префрлени во блиските кампови. Ги предаваме нашите позиции на армијата“, рече Пригожин во видеото објавено на Телеграм, пренесува „Ројтерс“.

Тој најави дека силите на „Вагнер“ ќе бидат подготвени да се вратат во Бахмут доколку редовната армија не може да се справи со ситуацијата на теренот.

Слични содржини