Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието, Иван Стоиљковиќ е дел од Безбедносниот форум кој се одржува во Москва. Ова го објавија „Раша тудеј – Балкан“ и „Спутњик“.
Стоиљковиќ кој е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, е фотографиран во друштво на директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин, како и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Пред присутните на безбедносниот форум преку видео-обраќање се обратил и рускиот претседател Владимир Путин, според кого Русија и нејзините сојузници ќе успеат во намерата да се изгради поправеден свет и дека јакнењето на стабилноста во светот е единствена алтернатива на „западните санкции“.
Стоиљковиќ на овој форум, учествуваше и во 2019-тата година. Тогаш посетата ја најави преку социјалните мрежи, најалвувајќи го форукмот како место и начин за водење професионален дијалог за проблемите од областа на безбедноста.