Руски ракети погодија болница во Дњипро, најмалку едно лице загина (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Најмалку едно лице загина, а 15 се ранети во ракетен напад врз болница во Дњипро, град во источна Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека нападот се случил и додаде дека властите работат на спасување на останатите од болницата, пренесува Би-Би-Си.

Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и рече дека сите служби се на терен.

Серхи Лисак, регионалниот гувернер, претходно изјави дека градот бил нападнат со ракети и беспилотни летала.

Украинските власти соопштија дека собориле 17 ракети и 31 дрон испратени од Русија.

Неколку дронови и ракети погодија цели во Дњепар и Харков, вклучително и складиште за нафта.

Слични содржини