Брутален ноќен напад врз Киев: Дронови и ракети го преплавија градот

од Stefanija Kuzmanovska
399 прегледи

Денеска во раните утрински часови Русија започна нов бран воздушни напади врз Киев користејќи беспилотни летала и крстаречки ракети.

Воената команда во главниот град на Украина соопшти дека украинските единици за противвоздушна одбрана собориле повеќе од 40 непријателски проектили.

Во 15-тиот руски воздушен напад овој месец и вториот последователен напад во последните два дена во Киев, како што тврдат украинските власти, немало поголеми штети или жртви, но во својата објава на каналот Телеграм, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, напишал дека „изминатата ноќ беше тешка“.

„Во денешниот напад, сличен по интензитет на нападите извршени во изминатите два дена, руската војска употреби комбинација од ирански дронови Шахид и крстаречки ракети“, се вели во соопштението на воената администрација на Киев, меѓутоа, репортерот на „Ројтерс“ не бил во можност самостојно да ги потврди извештаите за обемот на нападот.

Слични содржини