Зеленски се обрати од улиците на Киев: „Руското раководство ќе падне“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
298 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руското раководство ќе падне по поразот на Кремљ во војната против Украина.

„Киев и сите наши градови, цела Украина ќе стават крај на историјата на деспотизмот на Москва, кој поробува многу народи долго време“, рече Зеленски во своето дневно видео обраќање.

Во оваа прилика тој не ѝ се обрати на јавноста од неговиот кабинет како и обично, туку од улицата пред претседателската канцеларија во Киев.

Украинската воздушна одбрана успеа речиси целосно да одбие еден од најголемите руски напади со беспилотни летала од почетокот на војната, рече Зеленски, додавајќи дека Москва се обидела на Киев да му го расипе денот на градот.

„Киев преживеа злосторства низ својата историја, а ќе ги преживее и руските напади и нема да дозволи Русите да го освојат“, додаде Зеленски.

„Оружјето како беспилотните летала Шахед кои се користат во нападот не можат да ги спасат руските владетели“, рече Зеленски, додавајќи дека Русија ќе ја изгуби војната бидејќи ги презира животот и културата.

Слични содржини