Брнабиќ: Ситуацијата на Косово е тензична и никогаш потешка, мора да го зачуваме мирот

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека ситуацијата на Косово е тензична и тешка и дека никогаш не била потешка. Таа му се заблагодари на српскиот народ што остана смирен и воздржан од насилство, пренесе „Танјуг.“

Брнабиќ рече дека доцни реакцијата на КФОР чија задача беше да ги штити интересите и мирот на народот на Косово, а не, како што рече, узурпаторите.

Премиерката повтори дека нема да има привремена влада и дека владата може да се менува само на избори.

Таа пред новинарите во Раковица изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е подготвен да разговара за конкретни предлози за подобрување на безбедноста, но дека опозицијата слушнала само политика, а не конкретни мерки.

Што се однесува до смената на членовите на РЕМ, Брнабиќ рече дека тоа нема никаква врска со извршната власт и додаде дека едната телевизија го откажала реалното шоу, а другата не, што говори за двојните стандарди на опозицијата.

Слични содржини