Администрацијата на Ердоган ги откри приоритетите на нивната надворешна политика

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе ја продолжи „телефонската дипломатија“ со Русија и Украина по победата на изборите и ќе повика на прекин на огнот, изјави извор од администрацијата на турскиот лидер.

Турскиот Врховен изборен совет вчера соопшти дека актуелниот претседател победил во вториот круг од претседателските избори со 52,14 отсто од гласовите.

„Украина, турското посредување во овој конфликт, е приоритет во нашата надворешна политика. Претседателот Ердоган е можеби единствениот светски лидер кој има однос на доверба и со лидерот на Русија и со лидерот на Украина. Ќе продолжат повиците и предлозите за итен прекин на огнот и продолжување на мировните преговори. Како што рече претседателот, нема да има победници во овој конфликт“, рече изворот.

Кандидатот за претседател на опозицијата во Турција и претседател на опозициската Републиканска народна партија, Кемал Киличдароглу, ги опиша актуелните претседателски избори како еден од најнефер периодите во историјата на неговата земја.

„Овие избори беа еден од најнефер периодите во историјата“, изјави тој за новинарите во седиштето на партијата во Анкара и нагласи дека им е благодарен на сите поддржувачи за повеќе од 25 милиони од нивните гласови, пренесе ТАСС.

Слични содржини