Синот на јапонскиот премиер Фумио Кишида ќе поднесе оставка од функцијата помошник на премиерот, изјави денеска Кишида, откако фотографиите од неговиот син и други роднини кои се преправаат дека одржуваат прес-конференција во зградата на државната управа во резиденцијата предизвикаа незадоволство во јавноста.
Кишида рече дека Шотаро Кишида во четврток ќе ја напушти функцијата секретар, велејќи дека промената е поради „несоодветно“ однесување во службената резиденција.
Prime Minister Fumio Kishida’s Son to Resign as PM Secretary on Thursday https://t.co/3MOdR5C4Dd
— The Japan News (@The_Japan_News) May 29, 2023
Минатата недела јапонските медиуми објавија фотографии од Шотаро Кишида и други роднини на премиерот како се преправаат дека одржуваат конференција од говорницата зад која вообичаено стои премиерот, пренесува „Ројтерс“.
„Неговото однесување во јавноста беше непримерно за некој на службена позиција како помошник. Одлучив дека е моја одговорност да го сменам“, изјави Кишида.
Сеиџи Осака, пратеник од најголемата јапонска опозициска партија, рече дека промената дошла премногу доцна.