235
Претпладне со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Вака известуваат од УХМР за денешната временска прогноза во земјава. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.