Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека Албин Курти има само една желба – да предизвика конфликти на Косово и да доведе до голем конфликт меѓу Србите и НАТО, да доведе до крвопролевање во целиот регион и нагласи дека Курти е единствениот виновник за тоа што се случува на Косово.
Во вонредното обраќање до јавноста во Претседателството, Вучиќ рече дека малкумина сакале да ја разберат суштината на се што се случува на Косово, иако „со месеци зборуваме дека Курти сака да доведе до конфликт“.
„Во последните три дена и слеп и политички неписмен човек можеше да разбере што се подготвува и се во организацијата на Курти, со желба да има голем конфликт меѓу Србите и НАТО, а тој, кој е единствениот виновен за се што се случува, да ги измие рацете и да вели дека тоа нема врска со него“, рече Вучиќ.