МВР и Амбасадата на САД спроведоа тактичка вежба „Лебед 2023“

од Nikola Popovski
187 прегледи

МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023”, што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја гледа како уште една потврда како за меѓусебното пријателство и партнерство, така и за придонесот на Република Северна Македонија во најмоќната политичко-безбедносна НАТО Алијанса.

-Силно ја цениме поддршката која нашиот главен стратешки партнер Соединетите Американски Држави ни ја даваат преку Амбасадата на САД во сите процеси кои значат безбедна и напредна држава, особено во евроинтегративните процеси, порача Спасовски.

Како што истакна, со ова партнерство, со храбрите државнички одлуки со кои го заштитивме националниот идентитет и со функционалните политики на дијалог и разбирање, денеска Република Северна Македонија е фактор на стабилност и на безбедност во регионот и Европа.

-Пријателството со САД претставува гаранција за стабилноста на нашата држава, но и на регионот. Дотолку повеќе што рефлектира и на засилената економска соработка и големиот интерес за инвестирање во земјава. Благодарност до амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер, за континуираната поддршка во меѓусебната соработка, за која уверувам дека продолжува со ист интезитет, објави првиот полицаец во државата.

Слични содржини