Министерството за внатрешни работи излезе со детали за тешката сообраќајка со смртни последици која вчера се случи на патот Штип-Кочани.
Според полицијата, вчера во 12.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот З.Ѓ. од Велес и товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Г.Л. од село Будинарци, беровско.
-На местото на несреќата починал возачот З.Ѓ., додека Г.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Д.Ц.(24) од Берово се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, појаснуваат МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.