Непријатни се укажувањата, но ве уверувам дека работиме законски, рече Георгиев по критиките од холандскиот амбасадор

од Nikola Popovski
295 прегледи

Непријатени се такви укажувања и изјави, но ние дадовме соопштение од колективот во тој дел. Инаку ќе потенцирам дека во целата состојба, ве уверувам дека работиме согласно законот и нема дилема дека е прекршуван законот. Надлежните ако имаат некако сомнеж, слободно нека го истражат, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, по критиките од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Се согласува дека „има простор за критики“, пред сѐ, од тоа што нема завршница за голем дел од, како што рече, сензитивни предмети на Специјалното јавно обвинителство, дека е тоа „стар проблем кој веќе некое време се провлекува и е во општата перцепција“, како и во делот на владеењето на правото. Нагласи дека тоа е обврска на која треба да работат.

Во најскоро време, рече тој, ќе иницираат средба со амбасадорот на Холандија за да разговараат. Не се согласува со изнесените ставови на Дирк Јан Коп дека претседателот на Судски совет е избран на колегиум и смета дека и разрешувањето на неговата претходничка Весна Дамева и неговото назначување за прв човек на Советот биле спроведени законски.

Коп пред два дена во интервју изјави дека Холандија замрзна проект со Судскиот совет, кое го опиша како „нелигитимно тело“. Исто така обвини дека има политичко влијание во изборот на Обвинителството за организиран криминал и во изборот на кандидати во Академијата на судии и јавни обвинители.

Слични содржини